More

    Истражување: 80 отсто од Русите мислат дека Путин добро си ја врши работата

    spot_img

    Истражување: 80 отсто од Русите мислат дека Путин добро си ја врши работата
    Мнозинството Руси, 80 отсто од нив, сметаат дека претседателот на Русија, Владимир Путин, добро си ја врши работата, покажуваат податоците од истражувањето на Фондот „Јавно мислење“.

    Резултатите од истражувањето покажуваат дека 80 отсто од анкетираните сметаат дека претседателот на Русија добро си ја врши работата, 10 отсто сметаат дека лошо си ја врши работата, а останатите не одговориле.

    Како што пренесува Спутник, дополнително, 77 отсто од Русите имаат доверба во Путин, 13 отсто немаат, а 10 отсто не одговориле на прашањето.

    Анкетата на Фондот „Јавно мислење“ беше спроведена од 16 до 18 септември и во неа учествуваа 1.500 лица на возраст од 18 и повеќе години. Истражувањето е спроведено во 104 населени места во 53 руски региони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img