Од министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се регистрирани 788 новозаболени лица со коронавирусот, битката ја загубија четири лица, додека 541 пациент се водат како оздравени.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 1.631 тестови, а регистрирани се нови 788 случаи на КОВИД-19: Скопје – 350, Битола – 59, Куманово – 53, Кавадарци – 33, Охрид – 31, Прилеп – 30, Велес и Струмица – по 27, Тетово – 25, Штип – 22, Гостивар – 20, Струга – 18, Кичево и Гевгелија – по 14, Неготино – 12, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Радовиш – 8, Кочани – 6, Берово, Кратово и Крушево – по 3, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Дебар, Валандово, Виница, Пробиштип и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (788), регистрирани се 191 реинфекции.
Регистрирани сe 541 оздравени пациенти од: Скопје – 251, Битола – 41, Прилеп – 31, Охрид – 28, Тетово – 27, Куманово – 24, Кавадарци и Велес – по 23, Струмица – 15, Штип – 13, Кочани – 12, Струга и Кичево – по 8, Гостивар – 6, Радовиш – 5, Гевгелија и Неготино – по 4, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 3, Ресен – 2, Богданци, Демир Хисар, Валандово, Виница, Пробиштип, Пехчево и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Струга (89) и Охрид (92), двајцата се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Куманово (81) и Гостивар (78). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 07.07.2022 – 12.07.2022 година.
Направени се 1.631 тестови преку: ИЈЗ-264, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово-39, ЦЈЗ Куманово-53, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–159, Жан Митрев (Филип Втори)-14, Авицена-43, Биотек-75, Систина-33, лабораторија Лаор-14, Синлаб-9, Ремедика-3, Плодност-25, Генеа-11, Никоб Лаб-68, ВФВ Медикал-7, Ели Медика Плус-3, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 669.
Досега во земјата се направени вкупно 2.104.009 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 321.386, бројот на оздравени пациенти е 308.199, на починати е 9.349, а бројот на активни случаи изнесува 3.838.