More

    75 нови случаи на ковид-19, починаа 2 лица

    spot_img

    Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 937 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19.

    Најголемиот дел од новозаразените се од Скопје, вкупно 61, во Битола има 6, во Кочани се 2, додека по еден сограѓанин со позитивен тест имаат жителите на Прилеп, Тетово, Кавадарци, Штип, Кичево и на Пробиштип. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 11 реинфекции, а информирани сме и за тоа дека 60 лица во меѓувреме оздравеле.
    Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, регистрирани се смртните случаи на две лица од Скопје на возраст од 69 и 91 година. Од починатите, едното лице е починато во болнички услови, а второто во домашни услови. Лицата се починати во периодот од 15.05. до 07.06.2022 година.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.068.585 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.748, бројот на оздравени пациенти е 303.065, на починати е 9.318, а бројот на активни случаи изнесува 365. Најголемиот дел од вкупната бројка на заразени е од Скопје (257).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img