More

    Премиерот посочува кон Арсовска и кон ВМРО-ДПМНЕ за хаосот со автобусите

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски утринава едвај излегол од Скопје за да го посети Тутунскиот комбинат во Прилеп, а за тоа тој прстот го вперува кон градоначалничката Данела Арсовска и кон ВМРО-ДПМНЕ кои, како што вели, „ја заглавиле државата 11 години“.

    – Така како што успеаја да ја заглават државата 11 години, ниту еден милиметар во европски интеграции, раскарани внатре, раскарани со сите соседи, јас би им порачал власта која што имаат во Скопје да земат да ја практикуваат затоа што од Скопје денес едвај излеговме бидејќи на протест се сите превозници. Во Скопје ветуваа бесплатен автобуски превоз, ветуваа бесплатен автобус, ветуваа брда и долини… Во моментов Скопје ниту има автобуски превоз, ниту има пречистителна станица за вода, ниту има какво било поместување на кој било капитален проект, кој им го остави минатата власт – рече Ковачевски.

    Според него, не може на ВМРО ДПМНЕ да му биде изговор дека се скарале со градоначалничката, која што е нивен кандидат, бидејќи тие ја промовираа по Скопје.

    – Не може, сега знаете, се скаравме и за да можеме добро да го управуваме Скопје ни требаат парламентарни избори. Не поминува таа работа. Нека се фатат за работа за да можат да профункционираат општините. Не сакам да зборувам за Општина Прилеп – рече Ковачевски.

    Тој истакна дека пред точно една година ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори и освои 50 општини во државата.

    – Тие освоија локална власт во главниот град во државата. Она што треба да прават е да се фатат за работа – рече премиерот.

    Ковачевски повтори дека парламентарни избори ќе има во 2024 година и тие ќе бидат редовни, бидејќи тоа е редовен термин.

    – Помина времето кога во државата се правеа избори секоја година само затоа што некој сака да спроведува само своја лична политичка агенда. Никој не се плаши од избори – додаде Ковачевски.

    Тој е убеден дека СДСМ и коалицијата ќе победи и на претседателските и на следните парламентарни избори.

    Во однос на барањето за предвремени избори, Ковачевски вели дека опозицијата нема конзистентен став.

    – Опозицијата имаше избори во август оваа година. Тоа беа локални избори во општините Маврово – Ростуше, Центар Жупа и во Тетово. И таму се потврди дека тоа што го прават дека водат на анкетите е само за себе и за своето членство. Се потврди дека доживеаја најголем пораз, дека во Центар Жупа и покрај тоа што сакаа да направат бојкот уште еднаш не успеаја и во Општина Тетово каде што велеа дека ќе победеле 6:0, имаа послаб резултат од тоа што го имаа на последните локални избори – рече Ковачевски.

    При денешната посета на Прилеп премиерот одговори и на прашање во врска со МПЦ-ОА за чиј статус наводно расправа мешовитата македонско-бугарска историска комисија. Според Ковачевски комисијата воопшто не разговара за дефинирање на статусот на МПЦ-ОА, а она што е валидно е само кога комисијата има консензус.

    – Утрово Историската комисија имаше соопштение во кое што во детали објаснија од кој аспект Историската комисија ги анализира историските периоди и улогата на различни институции во тие историски периоди и исто така потврдија дека воопшто не се разговара за статусот на црквата од кој било аспект. Така што сметам дека сите оние коишто даваа изјави врз основа на шпекулации во текот на изминатите два дена треба да се воздржат од тоа и да ги почекаат секогаш официјалните изјави на Историската комисија, а мислам дека изјавата на сите членови потпишани на нашата Историска комисија се многу јасни дека воопшто таму не станува збор за какво било дефинирање на статусот на МПЦ-ОА – рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.

    Бугарската страна, додаде тој, си дава изјави за себe, а она што е валидно е само кога Историската комисија со сите 14 члена ќе има консензуален став за кое било прашање и, како што истакна, се друго се изјави коишто немаат никакво влијание врз финален резултат на работата на Историската комисија.

    – Таа прво работи независно и тоа беше целта – со историјата да се занимаваат историчарите, а со политиката политичарите. Единствено валидно решение кое што може да го донесе Историската комисија е тоа кое што ќе биде одобрено од сите 14 члена, седум од наша страна, седум од бугарска страна, со нивни потписи и да биде воведено на реципрочна основа во двете држави – рече Ковачевски одговарајќи за реакциите од бугарска страна.

    Премиерот рече дека е особено горд што во мандатот на неговата Влада и како премиер, конечно, после децении, и децении, и децении заради политиките на добрососедски односи и европски интеграции конечно МПЦ–ОА беше примена во канонско единство со сите други православни цркви и веќе започна процесот на нејзиното сослужување со нејзините цркви.

    – Јас бев тој којшто присуствуваше во Вселенската патријаршија на првото сослужување и таму на мене, а всушност преку мене на сиот наш православен македонски народ ми беше и ни беше укажана чест јас да бидам тој којшто ќе ја прочита најзначајната молитва во православната вера – рече Ковачевски во изјава од Прилеп.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img