More

    70 семејства од социјално ранливите категории граѓани ќе можат да аплицираат на јавен оглас за распределба на станови во социјалната зграда во Гостивар

    spot_img

    Вкупно 70 семејства од социјално ранливите категории граѓани ќе можат да аплицираат на јавен оглас за распределба на станови во социјалната зграда во Гостивар. Министерството за транспорт и врски денеска ќе го распише огласот кој ќе трае до 4 април.

    За стан ќе можат да аплицираат деца над 18 години без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, лица со попреченост, самохрани родители со малолетни деца и припадници на ромската заедница кои се социјално загрозени.

    Социјалната зградата во Гостивар има 70 станови, а вредноста на градбата изнесува 79 милиони денари.
    – Во изминативе два дена имавме интезивни преговори со Банката за развој при Советот на Европа со којашто преговараме за отпочнување нов проект. Очекувам дека од следната година ќе го објавиме, а за разлика од претходните предвидува проширување на категориите граѓани кои ќе можат да аплицираат за социјален стан – рече Директорот на АДИССДП, Кристијан Трајковски

    Тој заедно со министеот за транспорт и врски Благоја Бочварски беа во Гостивар.

    Бочварски вети дека распределбата на становите ќе биде транспарентна.

    Тој најави и дека се подготвуваат огласи и за уште 3 социјални згради кои се во Пробиштип, Свети Николе и Виница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img