More

    7.186 лица починале лани во последните три месеци

    spot_img

    Во четвртото тримесечје лани, во земјава се евидентирани 5 015 живородени деца, што е зглемување од 12,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

    Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2021 година е 7 186, од кои 34 се умрени новороденчиња и бележи намалување од 23,9 % во споредба со истото тримесечје од 2020.

    Природниот прираст е -2 171, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

    Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 3,5 отсто во однос на истиот период во 2020 година, односно склучени се 2 707 бракови.

    За ова тримесечје се добиени 499 извештаи за разведените  бракови, што претставува намалување за 5,3 проценти во споредба со истото тримесечје во 2020 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img