5.3 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

668 нови случаи на ковид-19, починати се 7 лица

НАЈЧИТАНО

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.974 тестови, а регистрирани се 668 нови случаи на ковид-19.

Најмногу заболени има во Скопје (340), следува Битола со 43, како и Куманово и Струмица со по 33 новозаболени лица. Од вкупниот број на позитивни (668), регистрирани се 81 реинфекции, а регистрирани сe 887 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 смртни случаи од ковид-19, а кај сите се востановени коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.870.093 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835, на починати е 8.898, а бројот на активни случаи изнесува 7.595.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО