8.9 C
Ohrid
Friday, December 9, 2022

6 работи за бананите кои можеби не сте ги знаеле

НАЈЧИТАНО

Бананите се здрави и хранливи, зрели и пријатно слатки. Тие се одличен извор на неколку важни хранливи материи.

Дали знаеше …

Дека бананата има пет пати повеќе магнезиум и три пати повеќе железо од јаболкото и содржи дури 358 mg калиум (на 100 g).

И уште 6 работи за бананите што можеби не сте ги знаеле:
1. Бананите даваат повеќе енергија од енергетските пијалоци, вели студија на Државниот универзитет во Апалачија

2. Бидејќи е богат извор на калиум, се грижи за здравјето на срцето.

3. Добро зрелите банани се природен лаксатив, се вели во студијата.

4. Бананата обезбедува добро расположение. Содржи мали количини на триптофан, есенцијална амино киселина која, заедно со витаминот Б6, го поттикнува производството на серотонин, хормонот на среќата.

5. Некои студии велат дека бананите помагаат и при менструални грчеви и ги ублажуваат симптомите на ПМС. За ова е одговорен и витаминот Б6.

6. Ако ве каснал комарец, користете кора од банана и ставете ја на местото што ве чеша. Би било потребно дополнително истражување за ова, но вреди да се тестира.

Колку банани дневно се препорачува да се јаде?

Не постои одреден број на банани за кои може да се каже дека се здрави или не. За повеќето здрави луѓе, една до две банани дневно веројатно би се сметале за умерена потрошувачка.

Но, како и секоја друга храна, така и бананите: премногу може да направи повеќе штета отколку корист. Човечкото тело е многу сложен систем. Потребни се различни видови на хранливи материи и во соодветни количини за да функционира правилно.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО