More

    560 пациенти со ковид биле третирани со хемофилтрација во Клиниката „Жан Митрев“ и нивните досиеја ќе се истражуваат поединечно

    spot_img

    560 пациенти со ковид биле третирани со хемофилтрација во Клиниката „Жан Митрев“ и нивните досиеја ќе се истражуваат поединечно, соопшти денеска министерот за здравство, Беким Сали, на прес-конференција.

    Анализата на нивното лекување ќе ја вршат пет институции поврзани со Министерството за здравство и тоа Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Лекарската комора, МАЛМЕД, Комисијата за интрахоспитални инфекции и Стручната комисија.

    Сали рече дека од Клиниката „Жан Митрев“ соработувале и ги дале сите побарани материјали.

    – Ќе ни треба време за анализа на тие 560 досиеја кои се обемни, затоа што има пациенти кои престојувале таму и по еден месец. Целиот тој третман треба да се анализира од експерти, лекари кои цел живот тоа го работат. Тоа се групи формирани од четири клиники: Кардиохирургија, Инфективна клиника, Интензивна и Нефрологија. Ќе го анализираат секој поединечен случај и мора да напишат извештај на секој поединечен случај. 560 предмети, да бидеме реални, ќе ни одземат време за на крај на јавноста да ѝ дадеме конечен прецизен извештај што се случувало. Меѓутоа, дозволете да ја работиме нашата работа затоа што сите ние сме дел од општеството. Не би сакал во ниту еден момент кој било да гледа еднострано – изјави Сали.

    Во врска со изградбата на новиот Клинички центар тој рече дека таа останува приоритет број еден за него, но оти до овој момент не е најдено најдоброто финансиско решение за изградба.

    – Сè до моментот на финално решение односно затворање на тој мозаик на потреби неопходни за реализација на таков капитален проект ние ќе продолжиме со реновирање и адаптирање на сите болници – рече Сали при отворањето на реновираниот Хируршки ургентен центар во склоп на постоечкиот Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

    На Хируршкиот ургентен центар целосно се реконструирани 400 метри квадратни на приемното одделение, собата за реанимација, собата за тријажа, операционата сала, асептичната соба, помошните простории и санитарните јазли.

    За реконструкцијата се издвоени осум милиони денари од државниот буџет, како и пари од донации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img