More

    Русија лансираше ирански сателит во вселената

    spot_img

    Руската ракета со ирански сателит беше успешно лансирана во вторникот во вселената, јавува Ројтерс и потсетува дека Москва и Техеран, соочени со западните санкции, ги зајакнуваат своите односи.

    Сателитот за далечинско набљудување „Кајам“ беше лансиран со помош на руска ракета „Сојуз“ од космодромот Бајконур во јужен Казахстан во 6 часот по Гринич, објави руската вселенска агенција Роскосмос на YouTube.

    Техеран ги отфрла обвинувањата дека сателитот може да се користи од Русија за „зајакнување на надзорот на воените цели“ во Украина и тврди дека ќе има целосна контрола над својот сателит „од првиот ден“.

    „Вашингтон пост“ минатата недела објави дека американските власти се загрижени за вселенската соработка меѓу Русија и Иран и дека стравуваат дека сателитот не само што ќе и помогне на Русија во Украина, туку и ќе му обезбеди на Иран „невидени способности“ за следење на потенцијалните воени цели во Израел и во средниот Исток.

    Иран вели дека сателитот е наменет за научни истражувања, вклучувајќи зрачење и мониторинг на животната средина за земјоделски цели и дека ниту една друга земја нема да има пристап до информациите што ги собира.

    Рускиот претседател Владимир Путин го посети Иран во јули. Тоа беше негова прва странска посета надвор од поранешниот СССР од почетокот на воената офанзива во Украина.

    На средбата со врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи му рекол на Путин дека Техеран и Москва мора да останат будни за да не паднат на „измамата на Западот“.

    Иран успешно го лансираше својот прв воен сателит во орбитата во април 2020 година, по што следеше лансирањето на воениот сателит за извидување Нур-2 во март 2022 година.

    Минатата година Москва го демантираше извештајот на американските медиуми дека Русија има намера да му снабди на Иран напреден сателитски систем кој во голема мера ќе ги подобри неговите шпионски способности.

    Западните влади се загрижени дека системите за лансирање на сателити вклучуваат технологии кои се заменливи со оние што се користат во балистички ракети способни да испорачаат нуклеарна боева глава. Иран инсистира дека неговата вселенска програма има само цивилни и одбранбени цели.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img