24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

49 бизнисмени ги завршија школите на Стопанската комора

НАЈЧИТАНО

Вкупно 49 учесници од 35 мали и големи компании, преку 14 модули ги завршија школата за бизнис лидери и школата за развој на мали и средни бизниси на Стопанската комора.

Двете Школи стартуваа со предавањата на 9 и на 10 декември 2021 година, а успешно завршија со свечено доделување на сертификати на учесниците на 7 и на 9 јуни 2022 година.

На свеченото доделување на сертификатите претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески рече дека Комората направи голем исчекор со создавањето на Советот за високо образование и стратешки истражувања кое во иднина ќе продуцира врвни менаџери со лидерски способности за развој на нашата економија.

Јелисавета Георгиева Јовевска, потпретседател на Стопанската комора и ментор на Школата за бизнис лидери на завршницата од обуките им се заблагодари на двете групи на слушатели кои и во услови на пандемија предизвикана од ковид-19, шест месеци, со физичко присуство беа активни и со своето присуство ја збогатија целата содржина.

Таа им порача дека токму тие во периодот кој доаѓа треба да бидат авангардата за промени во насока на создавање поголема конкурентност на македонските компании.

Глигор Бишев, претседател на Советот за високо образование и стратешки истражувања и ментор на Програмата за бизнис лидери на доделувањето на сертификатите рече дека со овој Совет и целиот изминат ангажман во Комората се создава можност за унапредување на најважниот фактор за раст и развој на една компанија и се дава голем придонес кон зголемување на вештините на претприемачите од различни сектори.

Бишев порача дека овие Школи ќе продолжат да се организираат и во следниот период со нови заинтересирани кандидати.

Ментори на Програмата за развој на мали и средни бизниси беа м-р Антонета Манова Ставреска и д-р Ристо Јаневски.

Јаневски и на завршницата на доделувањето на сертификатите го искажа своето задоволство од интерактивноста и врежувањето на учесниците и истакна дека Стопанската комора им стои на располагање и на сите учесници и на сите заинтересирани страни во следниот период по завршување на овие едукации за дополнителни консултации и размена на искуствата и знаењата.

Предавачи на сите модули беа успешни менаџери на компании, наши врвни експерти на наведените теми кои работат во земјава и странство, академици, реномирани професори…

Од комората велат дека во следниот период Советот за високо образование и стратешки истражувања ќе ги промовира поединечно сите претприемачи кои успешно ги завршија двете Школи за унапредување на нивните вештини.

Советот за високо образование и стратешки истражувања продолжува со организирање на новите шест месечни програми со збогатени содржини и уште поголем број на предавачи-експерти од месец ноември 2022 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО