More

    37-то издание на најреномираниот музички фестивал во нашата земја, „Макфест 2022“

    spot_img

    Полека, но сигурно се ближиме кон 37-то издание на најреномираниот музички фестивал во нашата земја, „Макфест 2022“, кој ќе се одржи на 21-ви и 22-ри октомври во Штип.

    Градот под Исарот и оваа година ќе биде домаќин на фестивалот кој е еден од главните „столбови“ на македонската музичка сцена наназад низ годините, а по се изгледа така ќе биде уште долги години…

    Се разбира, во овие 37 години на овој фестивал настапиле стотици изведувачи, најмногу од Македонија, а учесници имало и од земјите од регионот, па и пошироко.

    Она што го прави „Макфест“ посебен, е тоа што во овие 37 години го одбележаа многу хитови, многу евергрини и тоа во секакви стилови и жанрови. Но, едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека секое време си носи свои трендови…

    Па, ако судиме по тоа, на „Макфест“ оваа година ќе доминираат модерени звуци, а тоа само докажува дека македонската музичка сцена и тоа како ги следи светските трендови во музиката.

    Впрочем тоа го докажува и големиот интерес кај македонските артисти за да настапат на овогодинешниот фестивал. Тоа ни го потврди и уметничкиот директор на фестивалот, познатиот музичар Роберт Саздов.

    – Да, интересот е навистина голем и тоа не радува сите. Како што знаете, ќе има два вечери, првата е натпреварувачка, додека втората вечер е ревијална. Она што особено морам да го истакнам е дека на конкурсот изведувачите и композиторите пријавија доста модерни песни – вели Саздов.

    Инаку на сцената во Штип, односно во Домот на културата „Ацо Шопов“ ќе настапат околу 25 изведувачи вкупно во двете вечери. Меѓу нив е познатата пејачка Тамара Тодевска, момците од „Два Бона“, пејачката Викторија Лоба, Ламбе Алабакоски, Виктор Апостоловски, Андреа Коевска, со дует ќе се претстават раперот Пајак и Лара Иванова, атрактивната Андријана Петрушовска и многу други…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img