8.5 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

33 лица треба да му испорачаат Шведска и Финска на Ердоган

НАЈЧИТАНО

Турција ќе побара од Шведска и Финска да екстрадираат 33 членови на движењето ПКК и ФЕТО, кои ги смета за терористи, соопшти денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг.

Барањето доаѓа еден ден по потпишувањето на Меморандумот меѓу трите земји што го отвора патот на Хелсинки и Стокхолм кон членство во НАТО, на што Анкара досега се противеше.

– Како дел од новиот договор, ќе побараме од Финска да екстрадира шест членови на ПКК и шест членови на ФЕТО, а од Шведска да екстрадира десет членови на ФЕТО и единаесет членови на ПКК – рече министерот, а пренесуваат турските медиуми.

Курдската работничка партија (ПКК) е прогласена за терористичка организација во Турција, Европската унија и САД.

ФЕТО, како што се нарекува во Турција, е движењето на проповедникот Фетула Ѓулен, поранешен сојузник, а денес противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кого го обвинува за обидот за воен удар во јули 2016 година. На 15 јули 2016 година во Турција беше извршен обид за државен удар.

Турските власти обвинуваат дека зад обидот за пуч стојат Ѓулен и припадници на неговото движење инфилтрирани во Вооружените сили на Турција. При обидот за пуч загинаа 251 лице, а над 2.000 беа ранети. Илјадници луѓе беа осудени за вмешаност во пучот, а неколку стотици на доживотен затвор. Десетици илјади луѓе беа отпуштени од работа во јавниот сектор за поврзаност со движењето ФЕТО.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО