More

    300 новозаразени од Ковид 19, почина едно лице

    spot_img

    Во последните 24 часа се регистрирани 300 нови случаи на ковид-19 од направени 2.493 тестови, како и 197 оздравени пациенти и едно починато лице, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

    Од новорегистрираните 300 случаи на ковид-19 од Скопје се 180, Битола 19, Охрид 16, Прилеп и Кавадарци по 13, Струмица 9, Куманово, Велес, Гостивар, Гевгелија и Ресен по 5, Кичево и Делчево по 4, Тетово и Струга по 3, Штип и Кочани по 2 и Неготино, Свети Николе, Дебар, Валандово, Богданци, Кратово и Крушево по 1. Од вкупниот број на позитивни 59 се реинфекции.

    Од оздравените 197 пациенти од Скопје се 129, Битола 16, Кавадарци 10, Прилеп и Куманово по 8, Гевгелија и Ресен по 4, Гостивар 3, Штип, Кочани, Дебар, Берово и Богданци по 2 и Велес, Охрид, Струмица, Кичево и Виница по 1.

    Починатото лице е од Битола на 71-годишна возраст. Тоа починало во болнички услови и кај него се регистрирани коморбидитети.

    Направени се 2.493 тестови и тоа преку ИЈЗ-171, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-78, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово-19, ЦЈЗ Куманово-32, Институт за микробиологија–253, Жан Митрев (Филип Втори)-40, Авицена-54, Биотек-72, Систина-36, лабораторија Лаор-82, Синлаб-14, Ремедика-23, Плодност-20, Генеа-10, Никоб Лаб-216, ВФВ Медикал-44, Ели Медика Плус-24, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–8, Рамус-18 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 1.134

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Досега во земјата се направени вкупно 1.966.968 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.474, бројот на оздравени пациенти е 295.434, на починати е 9.227, а бројот на активни случаи изнесува 1.813.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img