More

    26 сантиметри снег има на Попова Шапка, најмногу дожд наврнал во Лазарополе, 32 литра на метар квадратен

    spot_img

    Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Лазарополе, 32 литра на метар квадратен, а најмалку во Битола, Гевгелија и Демир Капија, еден литар на единица површина.

    Како што информира УХМР, измерени се и 22 литра на метар квадратен во Пожаране, 20 во Маврови Анови, 16 во Тетово, 15 во Дебар, 9 во Попова Шапка, 5 во Претор, 4 во Скопје Зајчев Рид, 3 во Куманово и Крушево, како и 2 литра во Берово, додека на Попова Шапка има снежна покривка со дебелина од 26 сантиметри.

    Минималните температури до 8.30 часот се движеа од -1 степен на Попова Шапка и Лазарополе, еден во Маврови Анови, 2 во Тетово и Берово, 3 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп и во Струмица, 6 во Битола, Претор и во Дебар, 7 во Гевгелија, 8 во Штип, Охрид, Крива Паланка, Виница и во Дојран, како и 9 во Демир Капија.

    Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img