8.5 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

2.349 „неонацисти“ се предале, тунелите се под руска контрола

НАЈЧИТАНО

Руското Министерство за одбрана вечерва соопшти дека фабриката „Азовстал“ во Мариупол е целосно ослободена.

– Територијата на металуршката фабрика „Азовстал“ во Мариупол, каде група украински милитанти од нацистичката формација „Азов“ беше блокирана од 21 април годинава, е целосно ослободена – изјави вечерва портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

– Последната група се предаде денеска – додаде тој.

Руските медиуми пренесоа дека министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, веќе го информирал претседателот Владимир Путин за завршувањето на операцијата и целосното ослободување на „Азовстал“ и градот Мариупол од украинските сили.

Министерот  Шојгу кажа дека подземните објекти во фабриката се под контрола на руски војници.

Министерството за одбрана соопшти дека 2.439 неонацисти од „Азов“ и украински војници заглавени на територијата на фабриката го оставиле оружјето и се предале. Последната група од 531 милитант се предала денеска.

Овие тврдења не можат да се потврдат, а украинската страна сѐ уште не одговори на веста на руското МО.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО