5.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

2 000 припадници на „Фалангата” ги бодреа нашите ракометари

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Големиот фаворит Норвешка не дозволи изненадување и ја совлада македонската репрезентација со 39:27 во првото коло Ф-групата на Светското ракометно првенство 2023.

На натпреварот одигран вечерва во „Таурон арена” во Краков победникот беше познат уште по првото полувреме. Отпорот на избраниците на селекторот Кирил Лазаров траеше дваесетина минути, а потоа норвешките ракометари со серија од четири гола се одлепија од 9:9 на 13:9. Следуваа два погодока на нашите репрезентативци за доближување на 13:11, но следуваше уште една низа од пет погодоци за Норвежаните за убедливи плус седум на полувреме (18:11).

Вторите 30 минути беа само формалност и прашање беше само колкава ќе биде разликата на крајот.

Најефикасен на натпреварот беше Филип Талески со седум погодоци. Сандер Сагосен со шест голови беше најефикасен во победничкиот состав.

Во текот на целиот меч, македонските ракометари ја имаа поддршката на околу две илјади припадници на „Фалангата”.

На другиот натпревар од почетното коло во оваа група, Холандија ја совлада Аргентина со 29:19.

Во второто коло македонската репрезентација на 15 јануари од 18 часот ќе играат со Холандија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Кањонот Матка да се прогласи за споменик на природата

Владата на денешната седница го усвои Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата....

Засилувањата на Челзи би можеле да носат два различни броеви на дрес оваа сезона?

Засилувањата на Челзи би можеле да носат два различни броеви на дрес оваа сезона? Рекордното засилување на Челзи од британскиот клуб, Енцо Фернандез, кој пристигна...

Додик: Нема да се укинат акцизите за гориво

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, денеска во Бања Лука изјави дека и оваа партија ќе биде против укинување на акцизата на горивото во Домот...
spot_img
spot_img
spot_img