More

    137 нови случаи на ковид-19, две лица починаа, а оздравени се 85 пациенти

    spot_img

    Министерството за здравство информира дека се регистрирани 137 нови случаи на ковид-19, две лица починале како последица на коронавирусот, додека како оздравени се водат 85 пациенти.

    Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.303 тестови, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 и тоа Скопје – 61, Битола – 39, Штип – 7, Кичево – 5, Кавадарци, Ресен и Берово – по 3, Прилеп, Тетово, Охрид, Гевгелија и Свети Николе – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Виница – по 1.

    Од вкупниот број на позитивни (137), регистрирани се 13 реинфекции.
    Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од Скопје – 55, Битола – 7, Охрид и Велес – по 5, Кавадарци и Прилеп – по 3, Струга – 2, Штип, Кичево, Тетово, Куманово и Делчево – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје, на 70 – годишна возраст. Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 09.04.-17.04.2022 година.

    Направени се 2.303 тестови преку: ИЈЗ-191, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-14, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–68, Жан Митрев (Филип Втори)-39, Авицена-37, Биотек-77, Систина-47, лабораторија Лаор-34, Синлаб-3, Ремедика-8, Плодност-18, Генеа-16, Никоб Лаб-180, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-56, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–20, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.255

    Досега во земјата се направени вкупно 2.018.029 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.571, бројот на оздравени пациенти е 299.738, на починати е 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 553.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img