More

    12 иновативни фирми се претставија пред потенцијалните инвеститори

    spot_img

    Вкупно 12 иновативни мали и средни компании од земјава, Грција, Кипар и Бугарија денеска во Скопје ги претставија своите активности пред потенцијални инвеститори, комерцијални банки и универзитети денеска во рамки на првиот Меѓународен инвестициски форум, во организација на Стопанската комора, во соработка со партнерските организации во рамки на Проектот „Газели – организирање забрзан раст за потенцијалните иновативни МСП“.

    Проектниот координатор на „Газели“ и професор при Националниот и Каподистријански универзитет во Атина, Грција, Антонис Ливиератос, изјави дека проектот нуди поддршка во форма на менторство и едукација на иновативни компаниите кои имаат брз потенцијал за раст.

    – Главна цел е приближување на овие компании со бизнис ангели – лица кои може да инвестираат во овие компании – изјави Ливиератос.

    На форумот денеска учествуваат 3 компании од Грција, кои нудат повеќе иновативни решенија кои би можеле да бидат применети и во компаниите во Северна Македонија.

    – Првата компанија е „Kleesto“, која нуди софтвер за бизниси кои работат во туризмот. Втората компанија е „Project Parenting“, која претставува едукативна платформа што нуди содржини за луѓе кои ќе станат или се родители и им помага и советува во областа на родителството. Третата компанија е „Dataphoria“, која нуди аналитички услуги за компании кои сакаат да бидат еколошки и социјално поодговорни, изјави Ливиератос.

    Главната цел на Форумот е да се охрабрат и да се поддржат иновативните и брзорастечки мали и средни компании, бизнис-ангели (БА) од балканско-медитеранските земји – Северна Македонија, Грција, Кипар и од Бугарија, со можност да бидат поконкурентни на пазарот и да ја зајакнат соработката со другите странски компании, особено со земјите од балканско-медитеранската област.

    Крајната цел на Проектот е воспоставување балканска мрежа за поддршка на иновативните брзорастечки компании. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img