2.8 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

115 Македонци имаат пасош на Американска Самоа

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Заводот за статистика објави нов сет податоци од Пописот спроведен лани каде може да се види дека околу три проценти од вкупното резидентнo население во земјава имаат двојно државјанство.

Педесет и три илјади двесте и еден државјанин на Македонија, освен македонското има и некое други државјанство, a второ најбројно во земјава е бугарското.

Од резидентното население во земјава на пописот со второ државјанство, според етничката припадност, најбројни се Македонците, односно 31.300 дека имаат втора татковина, додека второ државјанство, освен македонското имаат над 8.500 Албанци, над 5.700 Срби и 1.500 Турци.

Бугарија како втора татковина ја пријавиле 19.645 македонски државјани, а како државјани само на Бугарија се пријавиле 116 лица. Со српски пасош на пописот се пријавиле над 11.700 лица, од кои на 10.900 српското име и второ државјанство освен македонското. Албанско државјанство како второ имаа повеќе од 2.100 македонски државјани, додека и косовско државјанство имаат речиси 2.400 македонски државјани. Второ, хрватско државјанство, пријавиле повеќе од 3.800 македонски државјанин, додека словенечко имаат над 1.000. Грчко и македонско државјанство пријавиле 208 граѓани на пописот во септември.

Надвор од земјите од регионот најбројни се оние со второ, американско, државјанство, 1.937, додека второ германско државјанство пријавиле 804 македонски државјани. Француско пријавиле 263 македонски државјани, а само шест повеќе, поточно 269 македонски државјани имаат и руско државјанство. Австралиско како второ државјанство од вкупниот број на попишано население на државава пријавиле само 211 лица.

Интересен е податокот дека дури 115 македонски државјани имаат и државјанство на Американска Самоа, додека државјанство од најбројната држава во светот, Кина, на пописот пријавиле 18 македонски граѓани, од кои на шест кинеското им е второ државјанство. Инаку во списокот на држави е наведен и континентот Антарктик, но според податоците на пописот од таму нема пријавени државјани во ниедна категорија.

Освен бројките за двојните државјанства Статистика денеска излезе и со податоци за населението по возраста и пол, при што интересно е да се каже дека на пописот пред седум месеци повозрасни од 100 години биле попишани 33 жени и 18 мажи, додека над 90 години во тој момент во земјава имало 4.400 лица.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img