17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

110 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ВАНЧО НИКОЛЕСКИ

НАЈЧИТАНО

Ванчо Николески истакнат македонски романсиер, раскажувач и поет. Представник е на првата повоена генерација македонски писатели за деца и млади, онаа генерација што во литературата влезе непосредно по ослободувањето.

Николески е роден на 10 јуни 1912 година во село Црвена Вода, Дебарца, Охридско. Основно училиште завршил во родното место, гимназија во Охрид а учителска школа завршил во Скопје. Тој е еден од првите учители, кој низ селата на штотуку ослободената Дебарца од бугарскиот окупатор учителствувал на македонски јазик. Тоа е период кога за еден изговорен збор на македонски јазик се одело во  затвор и време кога не постоеле планови и програми за настава, а Николески сам ја презел тешката, одговорна, но и благородна работа да пишува текстови на македонски јазик и со нив да држи настава. По ослободувањето работел како новинар и уредник во весниците за деца “Титов Пионер“ и “Пионерски Весник“, како и во емисиите за деца емитувани на радио-Скопје и радио-Битола. Значаен дел од својот работен век поминал во Битола како истакнат просветен работник и пензионер. Својот животен и творечки пат го завршил во  Охрид на 15 април 1980 година. Уште како ученик и млад учител пишувал песни за деца па во периодот од 1945-1960 тој бил најприсутниот македонски автор во детската литература. Децата и детството биле негова постојана тема и инспирација. Детските весници, читанките и најпознатите антологии на македонската литература за деца се збогатени со прекрасните песни на овој плоден творец.

Своите први поетски творби ги објавил во детскиот весник “Титов Пионер“. Негови најпознати дела се поемата “Мице“, “Мое село“(песни), “Чудотворен кавал“(раскази), “Четиринаесет илјади ослепени“(историска поема за времето на Цар Самоил), “Волшебното самарче“(роман), “Гоце Делчев“(роман) и многу други.

Бил член на Друштвото на Писатели на Македонија од 1950 година.

Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои најзначајни се: “Климент Охридски“, “Младо Поколение“, “Курирче“, “11 Октомври“, “Змаева награда“ и  многу други.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО