More

    10 отсто инфлација во Србија – Најмногу поскапе месото

    spot_img

    Потрошувачките цени на производите и услугите за лична потрошувачка во мај годинава се за 10,4 отсто повисоки во однос на мај лани, соопшти Републичкиот завод за статистика на Р. Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

    Во однос на претходниот месец, цените скокнаа за 1,2 отсто, а од почетокот на годината растот на цените е 5,6 отсто.

    Прехранбените производи поскапеа за 16 отсто на годишно ниво, а од храната најмногу поскапе месото за 21,3 отсто и кафето и чајот за 25 отсто.

    Лебот и житарките поскапени се за речиси 17 отсто, а зеленчукот 15 отсто. Сезоната на свежо овошје ја намали инфлацијата на оваа група производи на 9,7 отсто. Маслата и мастите поскапеа за 17,5 отсто, додека млекото, сирењето и јајцата поскапеа за 15,4 отсто.

    Горивата поскапеа за 23 отсто, рестораните и хотелите за 11 отсто, додека мебелот е поскапен меѓу 12 и 13 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img