More

    Џони е фантастичен актер, „паднаа“ на неговата глума

    spot_img

    Како што многумина го нарекоа, „судењето на деценијата“ на поранешните сопружници Џони Деп и Амбер Херд заврши во корист на славниот актер.

    По шест недели, поротата пресуди во корист на Џони Деп, според која Амбер ќе треба да му плати на својот поранешен сопруг 10 милиони долари како отштета и 5 милиони долари за казнена отштета, која отпосле беше намалена на 350.000 долари, додека актерот ќе треба да ѝ даде 2 милиони долари на име компензација.

    По пресудата Џони Деп славеше со своите пријатели во пабот, а неодамна проговори и им се заблагодари на сите што беа со него. Сега, за првпат по пресудата, Амбер зборуваше и за медиумите, тврдејќи дека пресудата е „неправедно“ донесена.

    Како што наведе, „неправедната“ пресуда е резултат на пристрасно „претставување на социјалните мрежи“, обвинувајќи го актерот дека се обидел да влијае на поротата, што, според неа, „паднало“ врз неговата глума.

    „Дури и ако некој е сигурен дека ја заслужувам сета оваа омраза и гнев, дури и ако мислите дека лажам, сепак, не можевте да ме погледнете во очи и навистина да верувате дека на социјалните мрежи постоеше фер претставување. Не можете да ми кажете дека мислите дека ова беше фер“, изјавила Херд во интервјуто во „Тудеј“ на „Ен-би-си њуз“

    Актерката даде интервју во емисијата „Тудеј“, кое почна да се емитува денеска наутро, а на јавноста ќе ѝ биде прикажано во три дела.

    Херд, чиј правен тим рече дека планира да поднесе жалба на пресудата, ја обвини и поротата дека ја освоила „одличната глума“ и „саканата“ репутација на нејзиниот поранешен сопруг Џони во јавноста.

    „Ќе речам вака, како можеа да донесат суд, за да дојдат до заклучок дека не може да ми се верува? Не ги обвинувам, не ги обвинувам, всушност разбирам, тој е сакан лик и луѓето чувствуваат дека го познаваат. Тој е фантастичен актер. Повторно, како можеа по три и пол недели сведочење за тоа како сум била неверојатна личност и да не веруваат на ниту еден збор што излезе од мојата уста – рече Херд.

    За време на шестнеделното судење кое започна на 11 април и заврши на 1 јуни, поранешните сопружници изнесоа бројни болни и ужасни детали од бракот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img