More

    Џоис Фигуеиро добила породилни болки додека песната „Enter Sandman“ се орела на стадионот „Куто Переира“ во Куритиба

    spot_img

    Џоис Фигуеиро добила породилни болки додека песната „Enter Sandman“ се орела на стадионот „Куто Переира“ во Куритиба во саботата вечерта. Тату уметницата дури се пошегувала дека момчето ќе го нарече Џејмс Улрих по гитаристот Џејмс Хетфилд и тапанарот Ларс Улрих.

    „Металика“ имала три песни од крајот на нејзиниот концерт и била среде интерпретацијата на својот хит „Enter Sandman“ кога Фигуиеро почналa да добива контракции.

    Нејзиниот сопруг Хаиме Фигуиеро побарал помош од екипата на Брзата помош на концертното место, а нејзиниот лекар, кој исто така бил на концертот, веднаш притрчал кај неа за да биде со неа цело време на породувањето.

    Така, Бразилката родила на концертот одржан на стадионот на Куто Переира, здрав син Луан Фигуиеро во 23:15 часот по локално време на 07.05.2022 година. Тој тежел 3,04 килограми, пренесува „Дејли мејл“.

     

    „Не можев ни да замислам дека ќе бидам на концертот на „Металика“ во 39-та недела од бременоста и дека ова момче ќе одлучи да се роди токму таму“, напишала Џоис Фигуеиро на Инстаграм.

    „На секое шоу на кое одам мора да се случи нешто, но овој пат мислам дека се надминав себеси хаха. Луан Фигуиеро е роден на 07.05.2022 година во 23:15 часот тресејќи ги сите метални конструкции хаха. Немаше подобро сценарио за приказната. Многу плачев од емоции. Самата песна има значење затоа што таа е онаа којашто најмногу му се допаѓаше на татко ми“, напишала Џоис.

    Нејзината приказна вчера ја сподели „Металика“ на страницата на бендот на Инстаграм. Инаку, Бразилката купила билети пред три години во април 2019 година, а концертот неколкупати бил одложуван.

    Слична ситуација се случи пред три години. Трудница се породи на концертот на Пинк на стадионот „Енфилд“ во Ливерпул. Таа го нарече девојчето Доли Пинк.

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img