Страотна сообраќајна несреќа се случи денеска во кинескиот град Гуангжу кога џип влетал во пешаци на крстосница.
Во несреќата загинале пет пешаци, а 13 се повредени.
Според локалните власти, очевидците изјавиле дека на фреквентна раскрсница виделе црн теренец „БМВ“ како удира во пешаците, а 22-годишниот возач побегнал од местото на несреќата.