More

    Џетро Лазенби, синот на легендарниот австралиски музичар Ник Кејв, почина на 30-годишна возраст

    spot_img

    Џетро Лазенби, синот на легендарниот австралиски музичар Ник Кејв, почина на 30-годишна возраст, соопшто самиот музичар денеска, чиј 15-годишен син Артур падна од карпа во Овингдин во близина на Брајтон во јули 2015 година и смртно настрада. Истрагата тогаш покажала дека тинејџерот ја земал халуциногената дрога ЛСД пред страшната трагедија.

    Фотографот Џетро живеел во Мелбурн, а само два дена пред смртта бил пуштен од затвор, но не е познато зошто ја отслужувал казната.

    Како што пишува порталот „Far Out“, подоцна овој месец требало да му се суди и за напад на сопствената мајка, поранешната манекенка Бо Лазенби.

    Таа го пронашла синот на својата влезна врата на 7 март, нешто пред полноќ – Џетро ја молел да му дозволи да преноќи кај неа и таа се согласила. Следното утро жестоко се скарале, а синот во еден момент ја удрил мајката со колено по лицето, предизвикувајќи ѝ крвавење и модринки.

    „Со многу тага можам само да потврдам дека мојот син Џетро почина… Би бил благодарен доколку ја почитувате приватноста на моето семејство во овој тежок момент“, изјавил Ник Кејв.

    Иако своевремено го користел презимето на својот татко за да изгради манекенска кариера, Џетро Лазенби во минатото изјавил дека не го запознал Кејв сѐ до својата седма година. Тој боледувал од шизофренија, а наводно ја нападнал својата тогашна девојка во 2018 година.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img