More

    Џенифер Лопез ја објави првата фотографија од втората венчавка со Бен Афлек

    spot_img

    Пејачката и актерката Џенифер Лопез минатата сабота повторно се венчаа со актерот Бен Афлек. Првата венчавка им беше во Лас Вегас, а сега имаа раскошна церемонија на имотот на Афлек, Рајсборо во Џорџија, САД.

    Џеј Ло на Инстаграм ја објави првата фотографија од венчавката. На фотографијата се гледа само лицето на невестата покриено со превез. Венчаницата на Џенифер беше од Ралф Лорен. Други фотографии, пишува Џенифер, ќе бидат достапни на нејзината веб-страница.

    На втората венчавка на славниот пар присуствувале најблиските пријатели и семејството, а на сите гости, пишува „Дејли мејл“, им било наложено да носат бела облека.

    Бен и Џенифер се запознале во 2001 година на снимањето на филмот „Џигли“. Следната година се свршија, а по извесно време одложување на свадбата, се разделија во 2004 година. Афлек тогаш стапи во брак со актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца, а Џенифер беше во брак со Марк Ентони, со кој има близнаци.

    Џенифер и Афлек минатата година ја обновија својата романса, а пред еден месец се венчаа во Лас Вегас.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img