More

    Џенифер Лопез и Бен Афлек за меден месец го одбраа најромантичниот град

    spot_img
    Латино дивата Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек по венчавката заминаа на меден месец во Париз. Тие уживаат на меден месец во еден од најромантичните градови во светот. Двојката реши да отпатува за Париз, придружувана од ќерките на Бен од првиот брак.

    Гостите во ресторанот „Ле Матињон“ биле изненадени кога синоќа ги виделе младенците како пристигнуваат на вечера во четвртокот навечер.


    Двојката пристигнала на аеродромот „Le Bourget“ со приватен авион само неколку часа порано.

    Џенифер и Бен не губеле време и веднаш излегле и го започнале медениот месец по венчавката.

    Влегувајќи во ресторанот во близина на Елисејските полиња, славните младенци се држеле за рака додека барале маса на терасата.

     


    „Кога се појавија изгледаа на типични Американци рекол еден гостин.

    Лопез блескала во прекрасен црвен фустан, а косата ѝ била поткрената и успеала да го задржи свежиот и природен изглед.

    Парот останал околу два часа во луксузниот ресторан и танцов клуб, пред да се врати во својот хотел.

    Бенифер се венчаа на интимна церемонија во Лас Вегас за време на викендот.

     


    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img