More

    Џенифер Лопез имала панични напади

    spot_img

    Актерката и пејачка Џенифер Лопез си ја отвори душата и проговори за нападите на паника кои ја мачеле во дваесеттите – поради преморување.

    Имено, пејачката во тој период се навикнала да функционира пред се на околу неколку часа сон, а дури подоцна сфатила дека тоа само ѝ нанесува поголема штета.

    Во билтенот „On the JLo“ таа истакна колку е важно спиењето и дека го научила тоа на потешкиот начин.

    – Спиев меѓу три и пет часа, па деновите ги поминував на сетови, во студио… Снимав спотови за викенди. Мислев дека сум непобедлива. Се додека еден ден, пред да го оставам трејлерот за да се подготвам, целиот тој стрес не ме зафати – напишала Џенифер, а потоа продолжила:

    – Го испланирав денот во секунда… Не можев повеќе ни да се движам. Како да бев замрзната на место, па се исплашив, почна да ми се замаглува пред очи. Подоцна дознав дека тоа е класичен напад на паника поради исцрпеност, но во тоа време немав поим што е тоа.

    Кога специјалистката решила подетално да погледне како Лопез живее, морала многу да го промени „системот“.

    – Моето обезбедување дојде до сетот, ме крена и ме однесе на лекар, тоа е тоа. По пат малку се опуштив за да можам барем да проговорам… се исплашив дека ќе полудам. Го прашав докторот дали сега го губам умот, а тој ми одговори негативно. Ми рече прво – само да спијам – објасни таа, а потоа додаде:

    – Требаше да спијам меѓу седум и девет часа на ден, да го исклучам кофеинот и за почеток тоа ќе биде доволно. И така беше. Тогаш сфатив дека не требаше да ги игнорирам сопствените чувства и потреби. Грижата е половина од здравјето, и душата и телото. Тогаш пресеков и никогаш повеќе не скршнав од вистинскиот пат, строго се придржувам до се. Сега ми е животен стил – заклучила таа, која веќе речиси и не знае за ваков нездрав начин на живот, пренесува „Пипл“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img