More

    Џафери до Зеленски: Не можам да ве погледнам во очи, онемен сум и бесен

    spot_img

    Усвојувањето на „Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“ на 3 март во нашето Собрание, како и ко – спонзорирањето на резолуции и иницијативи кои бараат Русија веднаш да престане со употреба на сила во Украина и да ја повлече својата војска ја потврдуваат нашата цврста, недвосмислена и решителна поддршка и солидарност со украинскиот народ, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери на Конгресот на локалните и регионални совети под претседателство на претседателот на Украина Володимир Зеленски.

    Како што соопшти собраниската прес-служба, тој потсети дека Република Северна Македонија ја поддржа и Одлуката за суспендирање на Русија од Советот на Европа.

    – Лично ќе се заложам за што поскоро усвојување на одлуки за помош и поддршка на Украина. Фактот што сум во Украина, им дава уште поголема тежина на моите активности како претседател на законодавниот дом кој што е седиште на демократијата и институција во која се донесуваат клучни државни одлуки. Дополнително, се приклучивме кон сите рестриктивни мерки и санкции на Европската унија кон Руската Федерација, иако не сме членка на ЕУ – нагласи претседателот на Собранието.

    Џафери потенцираше дека актот на агресија уште еднаш потврдил колку е значајно проширувањето на Европската Унија за безбедноста, стабилноста и демократската консолидација на Европа.

    – Благодарност до сите борци за слобода во Украина што во воени услови ни овозможија безбедно да допатуваме во Украина и што го делат лебот со нас. Иако имам тешкотија да ве погледнам во очи, ќе ви посакам да сте силни и истрајни до слобода на Украина и украинскиот народ – истакна претседателот на Собранието.

    Тој упати искрено и најдлабоко сочувство до децата, родителите, жените и мажите кои ги изгубија најмилите.

    – Бесен сум на човештвото што дозволи да сме неми сведоци на војна за која што верувавме дека е дел од историјата. Растревожен сум од бројот на гробови чии леи не ги догледува човековото око, а видов само дел во Буча и Ирипин. Бесен што светот нема доволно силен глас да и каже стоп на оваа безумна инвазија. Во чест на загубените животи се обврзуваме да ви помогнеме и внимателно да слушаме како одново ќе го изградите разрушеното – рече Џафери.

    Тој во Украина допатувал со воз преку Полска во раните утрински часови на покана на претседателот на украинското Собрание Руслан Стефанчук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img