More

    Ќе се покриваат и евентуалните штети на нивните возила

    spot_img

    Сите лица со статус на бегалци од Украина на влез во нашата земја ќе бидат ослободени од плаќање на гранично осигурување, а евентуалните штети од украински возила што превезуваат бегалци до 30 јуни годинава ќе ги покрие Националното биро за осигурување (НБО) од својот гарантен фонд.

    Оваа одлука ја донесе НБО во координација со Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) на иницијатива добиена од Владата.

    Одлуката, која е во сила до 30 јуни годинава, важи за сите возила со украински регистарски таблички кои превезуваат лица со статус на бегалци од Украина без разлика дали ќе транзитираат или ќе останат во нашата земја.

    – Со оглед на актуелната бегалска криза предизвикана од воениот конфликт во Украина и појавата на бегалци на нашата граница се создаде неопходна потребна од изнаоѓање општоприфатливо и системски засновано решение за прием на возила со бегалци кои немаат зелена карта и не се во можност да купат гранично осигурување. Успеавме да обезбедиме издржано решение во рамки на можностите и согласно со надлежностите и условите. Во оваа ситуација за посебно истакнување е хуманиот пристап, ажурноста и ангажманот на сите 11 друштва за осигурување. Искрено веруваме и се надеваме дека разумот ќе надвладее, а мирот ќе завладее и лицата со статус бегалци набрзо ќе се вратат во својата земја – изјавиа Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО.

    При носењето на одлуката НБО, во координација со АСО се водеше од универзалните начела за солидарност и пружање помош за бегалци од воени подрачја.

    – Ова е наш придонес со кој им посакуваме добредојде на лицата од Украина со статус на бегалци. Со овој чекор веруваме дека макар и малку ќе придонесеме за олеснување на нивната моментална положба. Сите членки на НБО покажаа исклучително силна солидарност и единство во барањето и наоѓање на решение со кое требаше заеднички да придонесеме во ублажување на тешката состојба во која се наоѓаат овие лица со статус на бегалци – рече Трајче Латиновски, директор на НБО.

    Како што информираат од АСО, одлуката е донесена со консензус на сите 11 осигурителни компании за неживотно осигурување кои работат на македонскиот пазар за осигурување. Одлуката на Управниот одбор на НБО ја поддржаа: „Триглав Осигурување“, „Евроинс Осигурување“, „Сава Осигурување“, „Кроација осигурување – неживот“, АДОР „Македонија ВИГ“, „Осигурителна полиса“, „Винер ВИГ“, „Еуролинк“, „Граве неживот“, „Уника“ и „Халк осигурување“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img