More

    Ќе се одигра ли баражот за Светско во Москва?

    spot_img

    Одговорот од Москва експресно пристигна од поранешната олимписка победничка во уметничко лизгање Светлана Журова, која е актуелен заменик шеф на Одборот за меѓународни односи на руската Дума.

    „Москва е најбезбедното место. Освен доколку нe сакаат да нѐ бомбардираат, полската Влада има сознанија за тоа, а ние немаме … Барем нека нѐ предупредат навремено“.

    Вака изјави Светлана Журова, од Одборот за руската Дума за можното преселување на локацијата на баражот за Светското фудбалско првенство кој треба да се одржи на 24 март меѓу Полска и Русија во главниот руски град. Таа со оваа изјава му одговори на Камил Бортничук, полскиот министер за спорт кој рече дека „со оглед на состојбата, полските спортисти не би требало да одат во Русија“.Сѐ поизвесно е дека и Светското првенство, но и и финалето на Лигата на шампиони, ко треба да се одржи на 29 мај во Санкт Петерсбург, ќе бидат преселени на други локации поради кризата во Украина и можната војна. Од УЕФА порачуваат дека „состојбата внимателно се следи“.

    Овој викенд продолжува и украинското фудбалско првенство, а во фокусот ќе биде натпреварот меѓу Металист и Шахтјор што треба да се одигра во Харков, град оддалечен 40 километри од границата со Русија.

    Во контекст на затегнувањето на односите меѓу Киев и Москва, украинската фудбалска легенда Андриј Шевченко на својот Твитер профил ја објави украинската карта со полуостровот Крим и Луганс и Донбас, териториите на проруските сепаратисти во источна Украина, чија независност во понеделникот ја призна рускиот претседател Владимир Путин што предизвика страв од воен судир од големи размери.

    – Украина е мојата татковина. Заедно минавме нив многу тешки периоди во овие 30 години кога се формиравме како нација. Нација на искрени и вредни луѓе, кои сакаат слобода. Ова се најважните денови за нас. Мораме да се обединиме. Заедно ќе победиме – порача Шевченко.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img