More

    Ќе се обезбедат 40 отсто од потребите за струја на фабриката

    spot_img

    Во тек е инвестицијата на „Брако“ во изградба на фотоволтаична електрана за производство на електрична енергија. Во моментов се инсталирани 0,4 MW, а во следните неколку месеци ќе бидат инсталирани уште 0,4 MW.

    Од компанијата информираат дека до крајот на годинава фотонапонската централа во „Брако“ ќе  има вкупно инсталирана моќност од 1,5 MW, со што годишно ќе се произведуваат 2250 MWh електрична енергија што ќе обезбеди 40 отсто од потрошувачката на „Брако“, а при тоа ќе се редуцираат 2000 тона CO2 на годишно ниво .

    Коефициентот на заштедени емисии на СО2 во нашата држава е 0,9 kg/kWh  и е причина повеќе обновливите извори на енергија, во случајов, сонцето, да има клучна улога во полето на декарбонизација во енергетскиот сектор.

    – Фотоволтаиците имаат значителен придонес во обезбедувањето на електрична енергија за сопствени потреби и за продажба ,така што, интересот за инвестирање во нив драстично се зголемува со се поамбициозни планови за инвестирање во нив.Производството на електрична енергија од обновливи извори е и моќен начин за ублажување на климатските промени – велат од „Брако“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img