More

    Ќе се намалат цените на млекото и млечните производи

    spot_img

    Очекувањата веднаш да се намалат цените на млекото и млечните производи министерот за економија, Крешник Бектеши, меѓу другото, ја темели на, како што вели, сознанијата на надлежните институции дека во оваа сфера се оперира со големи маржи на заработувачка. Таквата практика, по усвојувањето на новиот Закон за заштита на потрошувачи станува недозволена и казнива, вели Бектеши во синоќешната дебата на „360 степени“.

    Одлуката производителите на храна да добијат поевтина струја, според проценките на Владата, треба да резултира со намалување на цените на млекото и млечните производи кои во изминатиот период забележаа голем раст. Друг аргумент за намалување на цената на млекото, како што вели министерот за економија, е новиот Закон за заштита на потрошувачите кој предивидува спречување на т.н. нечесни и измамнички трговски практики, односно работење со нереално високи маржи на трговските ланци.

    – Во делот на млекото и млечните производи очекувам да има намалување на цените веднаш, особено сега, со новиот Закон за заштита на потрошувачите. Веќе побарав од секторот за трговија да извадат податоци за цените на стоки кои се увезени, затоа што летово донесовме одлуки со кои ги укинавме сите давачки на одредени млечните производи, вклучувакќи го и суровото млеко кое треба да се преработува во државава. Во моментот кога ќе стапи на сила одлуката, од 1 декември, треба да има дополнително намалување во делот на млектото и млечните производи. Мислам дека во оваа сфера има големи маржи што е спротивно на одлуките на Владата… Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе има насоки да влезе, да направи соодветни контроли, но се чекаше да помине Законот за заштита на потрошувачите. Овој закон помина во Собранието и ДПИ веднаш ќе почне да постапува при што ќе има и соодветни санкции – изјави Бектеши во „360 степени“ во која се зборуваше за цените на прехранбените производи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img