More

    Ќе потпише ли Македонија со европските погранични сили?

    spot_img

    Европската Комисија поднесе предлог за потпишување и склучување на договор меѓу ЕУ и Северна Македонија за Фронтекс – европските погранични сили, јави дописничката на МИА од Брисел. Предлогот сега треба да го одобрат земјите членки на ЕУ за да може договорот да биде финализиран и да стапи на сила.

    Европската Комисија предлогот за договор со граничната и крајбрежна агенција на ЕУ, Фронтекс, го поднесе на 23 септември до Советот, т.е. земјите членки на ЕУ.  Договорот до сега е блокиран поради Бугарија која не се согласуваше со употребата на терминот „македонски јазик” во текстот на договорот.

    Во соопштението на ЕК се наведува дека предлогот ќе помогне да се зајакне капацитетот на Фронтекс во најблиското соседство на ЕУ, преку помош за властите во земјава да се справат со нерегуларна миграција, борба против шверц и засилена безбедност на надворешните граници на ЕУ. 

    Комисијата потсетува дека договорот со Северна Македонија ќе содржи и „силни одредби за заштита на темелните права”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img