More

    Ќе може ли нешто да промени во спорот СР Македонија – Бугарија?

    spot_img

    Канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц денеска пристигна во еднодневна официјална посета на Република Северна Македонија. Канцеларот Шолц, чиј домаќин ќе му биде претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на аеродромот во Скопје го пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи.

    Во делегацијата на канцеларот Шолц се највисоките државни советници на надворешна и безбедносна политика, за економија и финансии, за европска политика, како и новоизбраниот специјален пратеник на Сојузната Влада на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

    Канцеларот Шолц и неговата делегација на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.

    Според агендата, по церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

    Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

    Шолц во Скопје доаѓа по неговата посета на Приштина и Белград, во рамки на дводневната посета на регионот. 

    По посетата на Скопје, германскиот канцелар заминува за Софија, на средби со бугарскиот државен врв.

    Мали се шансите посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц да помрдне нешто во бугарско-македонскиот спор и да му го отвори патот на Скопје кон ЕУ, оценува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, пренесува Дојче веле.

    Разговорите во Софија требаше да бидат финалето и можеби дипломатскиот белег на посетата на Шолц на Балканот, имено како германски придонес во обидите да се смири, барем површно, „историскиот спор“ што го предизвика Бугарија со Северна Македонија, оценува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ по повод посетата на канцеларот Шолц во регионот.

    Надежите се дека Северна Македонија, со германска помош, на седницата на Европскиот совет на 23 јуни конечно ќе добие зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ. Досега тоа беше блокирано од Бугарија со вето. Но, сега се чини дека Шолц лета директно во владина криза, наведува натаму ФАЦ.

    Пред три дена се распадна четирипартиската коалиција на бугарскиот премиер Кирил Петков, откако лидерот на „Има таков народ“ на Слави Трифонов најави повлекување на своите министри од владата, меѓу кои и шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска. Една од причините за заминувањето, според Трифонов, е и „националното предавство“ кое го прави Петков во обид да го тргне ветото за Северна Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img