More

    Ќе бидат ли Бозаџиева и Скендер уставни судии?

    spot_img

    Пратениците во рамки на денешното продолжение на 88-тата седница, кое траеше до доцна вечерва, ја завршија расправата за изборот на судии на Уставниот суд по што заменик-претседателот на Собранието Горан Мисовски најави дека дополнително ќе се закаже седницата на која ќе се гласа.

    Во собраниската сала се дебатираше за изборот на Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за членови на Уставниот суд.

    Во попладневниот дел од денешното продолжение на седницата во салата беа присутни мал број пратеници и главно пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ упатуваа критики за компетентноста на Татјана Васиќ Бозаџиева.

    „Уставниот суд ќе продолжи да биде партиско собиралиште на членовите на СДСМ и ДУИ. Нема независен уставен суд, ако судиите се зависни“, потенцираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

    Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ одлуката со која се избрани уставните судии е незаконска. Посочија на Извештајот на ЕК каде, како што велат, за избор и именување на уставен судија се бара стручност и компетентност, а не изборот да се заснова на политичка основа.

    Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, потенцираа дека ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да функционира судството и зад себе имаат, како што велат, голем криминален багаж. Според нив, целта на ВМРО-ДПМНЕ е да предизвика општа криза во државата, како парламентарна криза, политичка криза и сега сакаат да се предизвикаат и уставна криза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img