More

    Љубовникот на Џејда Пинкет Смит сними песна за нивната афера

    spot_img

    Аугуст Алсина, 29-годишен рапер, познат во светот како љубовник на сопругата на Вил Смит, сними песна за нивната афера.

    Раперот во песната се осврна на „заплетканата врска“ која ја имал со Џејда Пинкет Смит и сега за него пишуваат сите светски медиуми.

    Во неговиот сингл насловен како „Shake the World“, Алсина навидум сеосврнува на аферата што се случила помеѓу него и Џејда, за која самата таа рече дека се „заплеткала“ со раперот.

    Стиховите гласат: „Дефиниција за заплеткување. Тоа е кога ќе се заплеткаш во чаршафите. Девојко, знам дека тоа не го нарекуваме врска. Но ти сепак се за**аваш со мене. Го остави твојот маж за да се е**ш со мене, само за да му вратиш.  Тоа не е моја девојка, но го добив клучот од креветот и од твојот автомобил“, пее Алсина.

    Џејда ја призна аферата дека била со младиот рапер во епизодата на „Црвената маса“ од 2020 година во која го поканила својот сопруг. На сопругот му објаснила зошто тоа го направила. Инаку, младиот рапер беше пријател на синот на Џејда и Вил.

    Инаку, Џејда и Вил се во фокусот на вниманието по непријатниот настан што се случи на доделувањето на Оскарите, кога Вил излезе на сцената и му удри шлаканица на комичарот Крис Рок затоа што се пошегува на сметка на Џејда.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img