More

    Љубовен четириаголник на Вимблдон

    spot_img

    Убавата британска актерка Сиена Милер уживаше во страсниот бакнеж со актерот Оли Грин, додека нејзиниот поранешен партнер седеше веднаш позади нив, со својата нова девојка, модната икона Алекса Чанг.

    Звучи како сапуница, но всушност се работи за едно попладне на тенискиот турнир Вимблдон.

    Актерот Том Стариџ, од кого Сиена се раздели во 2015 година, исто така, разменувал нежности со Алекса Чанг. Сепак, се чини дека во овој љубовен четириаголник нема лоши чувства.

    Четворката дури во еден момент беше видена како заедно позираат за селфи.

    Сиена и Том беа вљубени од 2011 до 2015 година и ја имаат деветгодишната ќерка Марлу Стариџ. Во минатото, британско-американската убавица отворено зборуваше за својот „неконвенционален“ однос со актерот. Таа призна дека сѐ уште се сакаат како пријатели.

    „За нашата ќерка е одлично што има двајца родители кои се сакаат и се пријатели. Тој дефинитивно е мојот најдобар пријател во целиот свет“, рекла таа за Том.

    Иако Алекса и Том јавно не коментираа за природата на нивната врска, ова е вторпат парот да биде забележан заедно. Минатиот викенд уживаа и на фестивалот Гластонбери.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img