More

    Јужна Кореја реагираше, „нашата армија е на готовс“

    spot_img

    Северна Кореја од нејзиниот источен брег истрела две балистички ракети со краток дострел, соопштија денеска јужнокорејски воени претставници.

    Британските медиуми пренесуваат дека ракетите се истрелани од областа Тонгчеон, во провинцијата Гангвон, на источниот брег на Северна Кореја, само четири дена откако Пјонгјанг и Сеул разменија предупредувачки истрели од западниот брег поради зголемените тензии.

    „Нашата армија е во целосна готовност”, се наведува во соопштението на јужнокорејската армија. Во него се додава дека е интензивирана и соработката со САД на полето на безбедноста.
    Пјонгјанг претходно изјави дека неодамнешните лансирања ракети се протест против заедничките вежби на САД и Јужна Кореја, за кои вели дека се проба за инвазија.

    Сеул и Вашингтон ги негираа тврдењата на Северна Кореја, додавајќи дека вежбите се одбранбени и потребни за да се спротивстават на заканите од Северот.

    Од почетокот на годината Северна Кореја истрела повеќе од дваесет балистички ракети, вклучувајќи ја и онаа што ја прелета Јапонија, потсетуваат британските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img