More

    ЈСП Кризата во јавниот превоз влегува во ќорсокак

    spot_img

    Веќе петти ден приватните превозници не сообраќаат поради неисплатениот долг на Јавното сообраќајно претпријатие кон нив, а денеска ќе одржат и мирен протест пред централата на ЈСП, по што ќе остварат средба со сите советнички групи на Советот на Град Скопје за наоѓање решение за проблемите со кои се соочуваат.

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вчера ги обвини дека од 2017 година наплаќале билети и парите не ги пријавувале, а фактурирале по 400 000 евра до ЈСП секој месец. Превозниците ги отфрлија овие обвинувања и порачаа дека ќе ја тужат Арсовска за клевата.

    Директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски рече дека од Градот не добиле одговор на прашањето зошто е прекината исплатата на средствата од ЈСП по основ на извршен превоз, редовен превоз на патници и превоз од учениците.

    Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ од синоќа ги префрли своите автобуси чии линии тргнуваат од централата од Автокоманда во Транспортниот центар под Железничката станица, откако приватните превозници за денеска најавија блокада и паркирање на нивните своите возила пред централата на ЈСП.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img