More

    Јотова ликува за дипломатска победа над Македонија

    spot_img

    Потпретседателката на Република Бугарија Илијана Јотова им се заблагодари на партнерите од Франција за придонесот во преговарачката рамка да се вклучи внесувањето на Бугарите во Уставот на земјата пред вистинскиот почеток на преговорите.

    – Ова е голем успех за Бугарија. Средбите кои беа на највисоко ниво, бескрајните телефонски разговори со европските лидери ќе беа избегнати ако институциите си ја вршеа работата уште во 2019 година кога тогаш се донесе резолуцијата во Народното собрание – рече Јотова во утринската емисија на Бугарската национална телевизија БНТ.

    Јотова ја оцени ситуацијата со РС Македонија како комплицирана и рече дека тој што мисли дека прашањето за Македонија е завршено е наивен.

    – Во лето не работат европските институции, но од есен ќе почне процесот. Отсега ќе има неколку инспекции од Европската комисија, неколку извештаи од евалуацијата на Советот, каде Бугарија ќе мора секој пат да потсетува на својот став. Но по сетоа ова што се случи во Софија и

    Скопје, мислам дека Европската комисија ќе биде доволно внимателна – вели Јотова.

    Бугарската потпретседателка смета дека никој нема корист од враќањето на работата на почетна позиција, а најмалку Македонија, затоа што треба да бидеме дел од европското семејство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img