More

    Ја дискредитираа поради еротските фотографии

    spot_img

    Бернарда Маровт беше избрана за Мис на Југославија на изборот во Загреб во 1982 година. На натпреварот за најубава жена на светот во Лондон, таа беше дискредитирана поради разголените фотографии објавени во „Старт“, но и во британскиот „Дејли мирор“ неколку дена пред натпреварувањето.

     

    Таа беше прогласена за топ-модел на Италија во 1990 година и за топ-модел на Европа во 1992 година. Долги години работеше во странство за познати модни брендови, снимаше реклами и беше баран модел со кој многу модни фотографи сакаа да работат.

     

    Денес има 59 години и сѐ уште работи како модел и снима реклами. Така, таа неодамна снимила едиторијал за една словенечка дизајнерка на накит. Сè уште изгледа свежо и фантастично. Инаку, таа веќе долги години организира меѓународен натпревар за фотомодели во Словенија.

     

     

    Отворила и училиште за манекенство за млади „Берни модели“ и работи и како менаџерка. Живее и работи на релација Италија (Милано) – Словенија. На својот инстаграм-профил често се сеќава на некогашните денови на слава.

     

    – Сѐ што направив и доживеав беше голем тест за мене, а стекнав големо искуство во сите области. Од тоа време сакам да се сеќавам на моите почетоци и на сето она што подоцна ми помогна да се развијам, да пораснам. Се сеќавам на запознавањето на луѓето, патувањата, учењето јазици, а пред сѐ, на почетната волја и енергија за сѐ што следеше – раскажала претходно таа за хрватските медиуми.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img