More

    Јапонската комисија го одобри планот за испуштање на водата од Фукушима во океанот

    spot_img

    Јапонската регулаторна комисија за атомска енергија го одобри планот за испуштање на водата од нуклеарната централа Фукушима, која беше катастрофално оштетена од земјотресот и цунамито во 2011 година, во океанот, објави владата во Токио.

    Водата се користеше за ладење на нуклеарните реактори по катастрофата и сега повеќе од 1,3 милиони тони се наоѓаат во резервоарите во нуклеарната централа.

    Заклучено е дека е безбедно во океанот да се испушти вода која е прочистена, но сепак содржи траги од радиоактивен тритиум, соопшти Министерството за надворешни работи на Јапонија, наведувајќи дека ќе бидат извршени дополнителни контроли.

    Загадената вода се планира да се филтрира за да се отстранат штетните изотопи, освен тритиумот, кој тешко се извлекува.

    Кина, Јужна Кореја и Тајван изразија загриженост за таквиот план, како и јапонските рибари, наведува Ројтерс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img