More

    ЈАПОНИЈА МУ ДОНИРАШЕ ЧЕТИРИ МЕДИЦИНСКИ АПАРАТИ НА ЗАВОДОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА

    spot_img

    Нова опрема во вредност од 21.471 евра доби ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје, во рамки на ЦЦП проектот. Опремата се состои од четири апарати –  биофидбек, една паметна ракавица, еден апарат вокаСтим Мастер и една паметна табла, сите наменети за справување со различни попречености.

    Директорката на Завод за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје Силвана Филипова, на денешната церемонија по повод затворањето на проектот, се заблагодари за донацијата и информираше дека апаратите се наменети за рехабилитација на пациентите со аутистичен спектар на нарушување, јазични и говорни нарушувања, нарушувања во флуентноста како и за рехабилитација на возрасни со стекнати невролошки нарушувања и мускулно скелетни нарушувања.

    – За проектот аплициравме во 2021 година. Договорот го потпишавме во март 2022 година, и веќе при крајот на април месец ги добивме потребните апарати. По спроведувањето на дополнителната обука за кадрите што работат со овие апарати и воспоставуањето на протоколи и процедури потребни за употреба на апаратите, истите беа ставени во функција – рече директорката.

    Таа посочи дека со ставање во употреба на овие апарати, се подобри ефикасноста на работата во нивниот дијагностички рехабилитациски третман.

    – Ние како Установа но и вработените во Заводот секојдневно се среќаваме со предизвиците да одговориме на потребите на нашите пациенти, кои во последните години структурално многу се променија. Имаме потреба за постојано следење на новите трендови во воведување на нови практики во нашето работење – додаде Филипова.

    Таа напомена дека со ставање во употреба на овие апарати, за неполни три до четири месеци се спроведени илјада услуги на пациенти во целата држава.

    – Покрај тоа што овие апарати ја подобрија ефикасноста и квалитетот на нашата работа, со нивно воведување се подорби и истрајноста на родителите да ги носат нивните деца, нашите пациенти, на рехабилитациски третман кај нас континуирано. Исто така, ја зголемија мотивираноста на родителите бидејќи внесуваме нови методи за кои тие читаат на интерент или се информираат од други родители кои овие услуги ги добиваат по приватни установи или во странство – додаде Филипова.

    Нагласи дека кај нас овие услуги се добиваат бесплатно, на терет на Фондот за здравствено осигурување.

    Амбасадорот Хиронори Савада денеска изјави оти му е драго што во текот на изминативе 6 месеци со оваа донација беа извршени повеќе од илјада услуги кај деца и возрасни пациенти.

    Со оваа донација, како што рече, значително е подобрен квалитетот на дијагноза и терапија на пациентите.

    – Јапонскиот народ е среќен и горд што му помага на македонскиот народ да има подобри здравствени услуги. Тоа го правиме во рамки на јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност ЏЏП, што е еден од столбовите на нашата сорабокта со Северна Македонија. Од 1996 година Јапонија поддржува проекти во секторот здравство, образование и животна средина во Северна Македонија – додаде амбасадорот Савада.

    Сопругата на Претседателот на Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска изјави дека овие апарати помагаат во третманот и на неуролошките заболувања, бидјеќи како што рече, имало пациент со претрпен мозочен удар, но и други мускулно скелетни нарушувања кои имале терапија со помош на овие апарати.

    – Ѝсе заблагодарувам на Јапонската Амбасада за поддршката не само во здравствениот сектор кој беше најмногу погоден за време на пандемијата, но и за нивната помош во областа на културата, во областа на екологијата и образованието, додаде Ѓоргиевска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img