More

    Јанкуловска смета дека пресудата е контрадикторна

    spot_img

    Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, осудена на четири години затвор од страна на Кривичниот суд – Скопје, во случајот „Тврдина-Таргет”, на денешната јавна седница во Апелациониот суд – Скопје, изрази надеж дека ваква постапка пред првостепениот суд нема да се повтори.

    Таа рече дека пресудата за овој случај е контрадикторна и неаргументирана и посочи дека вештачењето во случајот „Таргет-тврдина“ е извршено од лице без лиценца.

    – Во овој контекст ќе го споменам т.н вештачење, велам „така наречено” затоа што прво ова вештачење се однесуваше на клучен елемент за оваа кривична постапка и без него таа не би можела да се води. Меѓутоа, се до дополнение на доказната постапка, формално-правно тоа и не постоеше затоа што беше изготвено од лице без лиценца спротивно на Законот за кривична постапка и спротивно на Законот за вештачење. Тоа т.н вештачење, всушност не беше вештачење, туку беше проценка и тоа не од проценител од соодветна област – рече обвинетата Јанкуловска.

    Претходно, во својот говор, јавниот обвинител од Вишето јавно обвинителство – Скопје, Елвин Вели му предложи на Апелациониот суд – Скопје, да бидат одбиени сите жалби поднесени од обвинетите. Според обвинителот Вели, наводите на одбраната се неосновани.

    Основниот кривичен суд Скопје на 26 февруари 2021 година на обвинетите во случајот за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК им изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни.

    Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од страна на првостепениот суд е казнет со затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“(кривично дело кое денеска беше соопштено дека застарува).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img