More

    Јавен повик за пријавување за еднократна парична помош на семејства на првоодделенчињата запишани во основните училишта на територија на Општина Ресен

    spot_img
    Јавен повик За пријавување за еднократна парична помош на семејства на првоодделенчињата запишани во основните училишта на територија на Општина Ресен
    Општина Ресен оваа година за прв пат доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 2.000,00 денари.
    За оваа намена, Општината има издвоено околу 222.000,00 денари од сопствениот Будет за 99 првачиња.
    Ги покануваме родителите што поскоро да се пријават за еднократна парична помош од 2.000,00 денари што ги доделува Општина Ресен на првоодделенчињата запишани за учебната 2022/23 година во основните училишта на нејзината територија.
    Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош во услужен центар во Општина Ресен од 31.08.2022 до 05.09.2022 година.
    Образецот може да се подигне во услужен ценнтар на Општина Ресен
    или на веб страницата на Општина Ресен www.resen.gov.mk
    Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:
    Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2022/2023 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Ресен.
    Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);
    Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во општина Ресен ;
    Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.
    Барањата можат да се поднесат секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот во услужен центар во Општина Ресен
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img