More

    Ѕвончето на Македонска берза заѕвони за жените

    spot_img

    Во Македонската берза денеска заѕвони берзанското ѕвоно во знак на родовата еднаквост. Со тоа, втора година по ред Македонската берза е дел од глобалната иницијатива „Да заѕвониме за полова рамноправност“ во која годинава се вклучени 117 берзи ширум светот.

    Бројни студии и истражувања покажуваат дека компаниите во кои има родово побалансирано одлучување значително го намалуваат ризикот од лошо коорпоративно управување, односно жените во основа покажуваат поголем степен на загриженост кон негативните влијанија и случувања на пазарот и поголема мотивираност за делување.

    И анализата што ја направи Македонската берза покажува дека компаниите кои се управувани од жени работат профитабилно.

    – Вкупниот број на жени во органите на управување на сите 92 котирани компании, според најновите податоци, изнесува 23,6 проценти. Притоа, 19,6 жени се извршни директори или претседатели на управните одбори, а во оние компании каде главниот човек е жена дури во 72 проценти компаниите работат профитабилно што е во корелација со многу меѓународни истражувања што континуирано покажуваат дека компаниите раководени од жени имаат тенденција да покажуваат супериорни резултати – изјави директорот на Македонската берза Иван Штеријев.

    Со цел да се подигне свеста за родовата перспектива кај котираните компании, изработен е и нов Кодекс за корпоративно управување според кој до 2025 година котираните компании треба да преземат мерки за да обезбедат најмалку 30 проценти членови на надзорниот и на управувачкиот одбор да бидат жени.

    –  Во новиот Кодекс, котираните компании ќе треба да преземаат мерки за да обезбедат најмалку 30 проценти жени членови на надзорниот и на управниот одбор до 2025 година. Јас сум свесна дека од една страна квотите не се популарни, би кажала дури најмалку за жените. Долг период и јас лично сум била против квотите бидејќи верував дека тие хранат еден друг стереотип -дека успехот на жените е само поради позитивната дискриминација на квотитете. Но искуството ми покажа дека таму каде што нема квоти, нема ни жени, и со тоа го сменив тој став. Од друга страна пак за некои 30 проценти не е доволен таргет, и јас се согласувам, но прогресот треба да почне од некаде – рече претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити.

    Според американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз, родовата еднаквост е важна за сите, а кога жените имаат напредок, тогаш и општеството има напредок.

    –  Овој ден е важна можност за стремежот на жените во изминатиот век. но исто така е важно време да размислиме зошто родовата еднквост е важна за сите нас. САД се посветени на зајакнувањето на жените бидејќи тоа е вистинската работа и паметна работа што треба да се направи. Кога жените имаат напредок, земјата има напредок. Чекорите што ги преземаме кон родовата еднаквост ги прават подобри нашите општества, фер и подготвени да одговорат на сите предизвици со кои се соочуваме. Нам ни се потребни талентите на жените, искуството и лидерството – рече амбасадорката Брнз.

    Иницијативата„ Да заѕвониме за полова рамноправност“ почнува во 2015 година се одбележува во многу земји, со цел подигнување на свеста за клучната улога на приватниот сектор во унапредување на родовата еднаквост, како глобална цел за одржлив развој. Овој настан е инициран од IFC, The World Federation of Exchanges, Sustainable Stock Exchanges Initiative, UN Global Compact, UN Women и Women in ETFs.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img