More

    Ѓоковиќ не се вакцинира, сака да има слобода сам да избере што ќе внесе во телото

    spot_img

    Тенисерот Новак Ѓоковиќ за Би-би-си рече дека попрво би ги пропуштил идните трофеи отколку да прифати да се вакцинира против ковид. Тој вели дека не треба да го поврзуваат со антиваксерското движење, зашто тој го поддржува правото на избор на поединецот.

    Ѓоковиќ беше прашан дали би го жртвувал учеството на турнири како Вимблдон и Ролан Гарос поради неговиот став за вакцината.

    – Да, тоа е цената што сум спремен да ја платам – рече тој.

    20-кратниот грен слем победник беше депортиран од Австралија минатиот месец, откако владата му ја откажа визата поради невакцинираност.

    – Никогаш не бев против вакцинацијата, но секогаш ја поддржував слободата да избираш што ќе внесеш во твоето тело – рече тој за Би-би-си додавајќи дека бил вакциниран како дете.

    Ѓоковиќ се надева дека барањата за вакцинација на одредени турнири ќе се променат и дека ќе може да игра уште многу години. Но потврди и дека е спремен да се откаже од шансата да стане статистички најдобриот тенисер на сите времиња, бидејќи е цврсто убеден во својот став. Зошто?

    – Бидејќи принципите на одлучување за моето тело се поважни од која било титула или што било друго. Се трудам колку што можам повеќе да бидам во склад со моето тело – рече тој.

    Тој рече дека „е отворен“ за можноста да биде вакциниран во иднина.

    – Никогаш не сум бил против вакцинацијата. Разбирам дека на глобално ниво, сите се обидуваат да вложат голем напор во справувањето со овој вирус и наскоро, се надевам, да му го видиме крајот на овој вирус.

    Во интервјуто за Би-би-си Ѓоковиќ се осврнал и на шпекулациите за редоследот на настаните во пресрет на Австралија опен во јануари.

    – Разбирам дека има многу критики и разбирам дека луѓето излегуваат со различни теории за тоа колку сум имал среќа или колку било згодно тоа. Но тоа не е ничија среќа и никому не му е згодно да добие ковид. Милиони луѓе имаат и сѐ уште се борат со ковид низ светот. Затоа го сфаќам ова многу сериозно, навистина не ми се допаѓа некој да мисли дека сум злоупотребил нешто или сум направил нешто за сопствена корист, со цел, знаете, да добијам позитивен ПЦР-тест и на крај да заминам во Австралија – рече тој.

    Тој зборувал и за времето поминато во притвор во Мелбурн.

    – Бев навистина тажен и разочаран од начинот на кој сето тоа ми заврши во Австралија. Не беше лесно – рече тој.

    Неговото барање за медицинско изземање било поднесено анонимно и било прифатено од две независни австралиски комисии. Сепак, во патната декларација имаше грешка.

    – Апсолутно, грешката во декларацијата за виза не е намерно направена. Тоа беше прифатено и потврдено од Федералниот суд и самиот министер за имиграција во Австралија. Значи, всушност, она што луѓето веројатно не го знаат е дека не бев депортиран од Австралија врз основа на тоа дека не сум вакциниран, или дека сум прекршил некои правила или дека сум направил грешка во моето барање виза. Сето тоа беше всушност одобрено и потврдено од Федералниот суд на Австралија и од министерот за имиграција. Причината зошто бев депортиран од Австралија беше затоа што министерот за имиграција го искористи своето дискреционо право да ми ја укине визата врз основа на неговата перцепција дека би можел да создадам некакви антиваксерски чувства во земјата или во градот, со што целосно не се согласувам – рече Ѓоковиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img