More

    Ѓоковиќ направи „хаос“ во ждрепката иако не е во Индијан Велс

    spot_img

    Португалскиот тенисер Жоао Соуса, моментално 85. на АТП листата, ќе мора преку квалификации да бара пат до главната ждрепка во Индијан Велс, а „виновник“ е Новак Ѓоковиќ.

    Соуса беше првата замена и го чекаше последното реми пред квалификациската ждрепка, што на крајот не се случи.

    Ситуацијата е бизарна бидејќи Новак Ѓоковиќ, вториот играч во светот, официјално не се откажа од учеството на Мастерсот во Калифорнија и покрај тоа што не можеше да отпатува во Индијан Велс поради рестрикции за невакцинирани лица.

    Доколку Ѓоковиќ се откаже, него во главната ждрепка ќе го замени „среќниот губитник“, а не Соуса. Новак го спречи и Русинот Евгениј Донској, кој беше прва замена во квалификациите, да учествува на турнирот.

    Минатата година Камерон Нори ја освои титулата во Калифорнија, а натпреварите од калифорниската пустина ќе можете да ги следите на каналите на Спорт клуб.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img